Зоран Ерцег, кој за време на церемонијата на откривањето на споменикот на Фрањо Туѓман викна дека поранешниот хрватски претседател е воен злосторник, денеска е осуден на 15 дена затвор, а условно на 12 месеци.

Тоа значи дека следнава година не смее да го повтори делото, во спротивно ќе оди 15 дена во затвор.

Освен тоа, Прекршочниот суд во Загреб му наложи на Ерцег и една година забрана за доближување до споменикот на Туѓман.