АД ЕСМ на крајот од минатиот месец го назначил Мирсад Црновршанин за директор на подружницата ЕСМ Продажба, која купува увозна електрична енергија за потребите на државното електростопанство и ги продава нејзините вишоци на струја, објави економскиот портал Фактор.
Според информациите на Фактор, станува збор за жител на Лажани од Општина Долнени и, според претходно објавени медиумски написи, се работи за сопственик на локален маркет.
Функцијата управител ќе ја врши на определено време од 12 месеци во периодот од 1 септември до 31 август следната година.
Инаку ЕСМ Продажба за помалку од една година промени тројца директори, пишува Фактор.