Новата мерка за покачување на цената на кесите е парцијална и нема да го реши проблемот со загадувањето, се вели во денешната реакција од ВМРО-ДПМНЕ за новата мерка на Владата за забрана на пластичните кеси.
-Во време на голема инфлација во државата, енергетска криза, наместо мерки за помош кон стопанството и граѓаните, власта носи мерки кои се само нов арач за граѓаните. Оваа мерка нема да го намали загадувањето во државата, бидејќи најголеми загадувачи се индустриските капацитети која не ги почитува законите, а нема ниту надзор од државните институции за нивното работење. Никаде ја нема долго најавуваната гасификација државата и долго најавуваните мерки за намалување на загадувањето и подобрување на животната средина, се вели во соопштението.
Од опозициската партија посочуваат дека проблемот со загадувањето треба да се решава системски.
– Власта наместо да почне проблемите со загадувањето на животната средина од најголемите загадувачи, тие забранија користење на пластични кеси. Ја повикуваме Владата повторно да ја разгледа оваа своја одлука и да го слушне гласот на народот и истата да биде повлечена, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.