Започнува чистењето на линданот од малата депонија во поранешната фабрика „ОХИС“, најавуваат од Министерството за животна средина и просторно планирање.
По тој повод, денеска во близина на фабриката ќе се обратат министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, првиот секретар на норвешката Амбасада Стефан Сандста, шефот на Канцеларијата на УНОПС за Македонија, Микела Телатин, националниот координатор на проектот Сузана Андонова од Канцеларијата за ПОПс и претставникот на изведувачот Полиеко.
Долги години остатоците од работењето на некогашниот ОХИС претставуваат еколошка бомба за граѓаните кои живеат во населбите во близина на некогашниот хемиски гигант, но и пошироко за Скопје. Властите засукаа ракави да го решаваат овој проблем токму сега пред локалните избори.