Седуммина млади активисти кои протестираа против климатските промени се искачија на Римската фонтана ди Треви и истурија разреден јаглен во неа за да ја поцрнат.
Демонстрантите се членови на групата Ultima Generazione (последна генерација).
Тие истакнаа транспаренти на кои пишуваше „нема да плаќаме за фосилни горива“ и извикуваа: „Нашата земја умира!“ По нив набрзо пристигна и полицијата која ги приведе. Бројни туристи го снимиле инцидентот, а неколку набљудувачи, како што покажува видеото, ги навредуваа демонстрантите.
Во соопштението за печатот, групата Ultima Generazione повика на укинување на јавните субвенции за фосилни горива и ги поврза со смртоносните поплави во северниот италијански регион Емилија-Ромањи. Групата тврди дека, според нивните податоци, секоја четврта куќа во Италија е во опасност од поплава.
⚫️Carbone vegetale nell’acqua della Fontana di Trevi 🚰
1 casa su 4 in Italia è vulnerabile alle alluvioni.
Quanto dobbiamo ancora aspettare perché chi è al governo intervenga concretamente? pic.twitter.com/Au9fniQYrN
— Ultima Generazione (@UltimaGenerazi1) May 21, 2023
Градоначалникот на Рим, Роберто Гуалтиери го осуди протестот, последен во низата слични активности, како што се оние насочени кон уметничките дела. „Доста е од овие апсурдни напади врз нашето уметничко наследство“, напиша тој на Твитер.