Актуелниот грчки премиер Кирјакос Мицотакис ќе добие нов мандат да формира влада. Првичните официјални резултати покажуваат дека неговата партија Нова демократија освои 145 места во парламентот со 300 пратеници. Сириза на Алексис Ципрас има двојно помалку, односно 72 места, додека ПАСОК е трет со 42 пратенички места.

Во грчкото собрание влегува и Комунистичката партија на Грција со освоени 25 мандати и Грчко решение со 16. Сепак, Нова демократија нема да може сама да формира влада и ако не успее да направи коалиција, ќе се одржат нови избори, а како можен датум се спомнува 25-ти јуни. Досега преброени се, речиси, 70 отсто од гласовите.