Во период од три години бројот на активни деловни субјекти во земјава се намалил за скоро шест илјади компании или точно 5.490 фирми. Ова го покажуваат податоците објавени во анализата на Државниот завод за статистика насловена „Регионите во Македонија“, објави економскиот портал Фактор.
„Бројките откриваат дека во 2019 година сме имале вкупно 75.914 активни компании, но веќе во 2021 година нивниот број паднал на 70.424 компании.Податоците говорат дека има намалување и кај големите компании, кои вработуваат над 250 лица. Па така во 2019 година имало 232 големи фирми, додека во 2021 година 226. Најголемо намалување има кај компаниите кои бројат до десет вработени лица. Па бројот на овие компании од 61.265 се свел на 58.124 компании. Очекувано е во оваа група да има најголемо намалување бидејќи во оваа категорија има најмногу компании.Но, бојките покажуваат дека има намалување во секоја категорија. Па така кај компаниите без вработени има намалување од 2,394 компании, кои од 7.565 спаднале на 5.171 компанија“, пишува порталот Фактор.
Според фактите на порталот, се намалил и бројот на компани кои имаат до 50 вработени од 2.237 компании во 2019 година, во 2021 се намалиле на 2.168 компании, а единствено раст е забележан кај компаните кои бројат до 20 вработени, и кај компании кои бројат од 50 до 250 вработени.
Целаиот текст може да го прочитате ТУКА.