Екс градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов реагираше по соопштението на Град Скопје и испрати порака преку Фејсбук до градоначалничката Данела Арсовска.
Елоквентниот Шилегов, со скопски манири, со раскош од навреди… и држи градоначалнички лекции на Арсовска. Еве што изнапиша Шилегов, кој ќе остане запаметен со неговиот капитален проект собирање на стари шпорети и печки, на неговиот ѕид на Фејсбук:
„Почитувана (нит моја и верувајте нит било чија) градоначалничка (со мало г) г-ѓо Арсовска:
Од не знам кои причини, заради Вашата денешна глупост, ме споменувате во Вашата реакција (а јас, заради нашиот ГРАД упорно ги премолчувам Вашите глупости и Ви молчам 6 месеци). Епа еве вака Ali Express girl:
Од Ali Express градоначалник(чка) не бива. Уште помалку се бира …
Секој со својот избор (и последиците од него) !
П.С. за протоколот (и надлежната): 26-ти Јули е ден за протокол во Скопје. Тажен, но е ден. Се викаат делегации, семејства, збратимени градови, Влада, НОВИНАРИ …
Ама не можам се’ да ве учам. Како што Ви кажав: од Ali Express градончалник (чка) не бидува. Џабе се трудите . Толку Ви е нивото. Еве нема да ги спомнам паметот и способноста …
Живеј, Ali Express … никој разумен не се замара со тебе веќе !
П.П.С. Какви нови достигнувања за пожарникарите ?“, напиша Шилегов.