Војо ДИМОВСКИ

И без секојдневните скандали во правосудството, јас знам колку е очајна и безнадежна состојбата во тој сектор.

Меѓутоа на мислење сум дека секаква интервенција за оправање на работите е излишна се дури најпрво не се реши следново:

Имено во нашите затвори, служат долгогодишни затворски казни луѓе осудени за Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од член 313 од КЗ. Тоа се случува овде и сега, пред очите на нас кои ако држиме до својот стручен интегритет и базичната чесност ќе кажеме дека не само што квалификацијата на делото е несоодветна туку и постапката пред судот беше пример за пристрасност (за тоа нека им горат ушите на Јовески, Рускоска и Кацарска). Да резимирам, во нашите казамати лежат неправедно осудени луѓе, а државните политики ни ги водат некритички ослободени криминалци.

Дури тоа не го оправиме, џабе зборуваме за се друго во правосудството.