Џон КИРИЈАКУ, екс офицер на ЦИА
Во мојата населба имаше жена која беше разоткриена како таен агент (sleepy). Работеше како наставничка во основно училиште, ја уапсија и на крајот ја разменија назад во Русија во замена за двајца Американци.
Што е тоа таен агент?
Русите се многу добри со тајните агенти. Тоа е лице кое практично од раѓање се зема и се обучува да биде припадник на друга националност. На пример, да речеме дека си роден во Русија и од двегодишна возраст, во согласност на твоето семејство, те одвојуваат и те носат во град изграден во американски стил некаде во внатрешноста на Русија. Таму те учат да зборуваш англиски со американски акцент. Гледаш американски телевизиски серии, гледаш американски филмови, јадеш американска храна. Така што јас воопшто не би знаел дека не си Американец. Зборуваш англиски исто како мене. Ги знаеш истите социјални референци што ги користам и јас.
Потоа те испраќаат во САД. Доаѓаш таму со американски пасош, сè е легално, и наоѓаш работа, на пример како туристички агент. Можеш да работиш како туристички агент 20 години и никогаш да не слушнеш ништо од нив. Но, во одреден момент ќе те активираат и ќе ти кажат: „Сакаме да се погрижиш за оваа цел таму,“ или „Сакаме да се вработиш во Министерството за одбрана и да ни дадеш сè што можеш да украдеш,“ или слично.
(Киријаку е поранешен офицер на ЦИА од висок ранг, кој потоа „пропеа“ за тајните методи на мачење на ЦИА. Поради тоа беше осуден на три години затвор, ги загуби работата, сопругата и децата, а по излегување од затвор не можел да се работи дури ни како таксист. Во последно време е чест гостин на разни подкасти во САД. Ова е дел од подкастот кај Стив Барнет. Но, вели дека пак би го сторил тоа и не се кае)



