По војната се случувале чудни работи во Македонија, вели поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија и бивш фудбалер на белградска Црвена Звезда, Бошко Ѓуровски.
Тој во изјава за српски медиуми вели дека нивното фамилијарно презиме било Стојановиќ и дека насилно било променето во Ѓуровски.
– Нашето изворно презиме по татко било Стојановиќ, а по мајка Петровиќ. Тоа презиме го носел мојот дедо Никола, кој бил српски војник во Првата светска војна. Мојот татко е роден во Белград, потоа сите освен мојот чичко, дошле во Македонија. По војната се случувале чудни работи во Македонија. По наредба на Тито, сите што имале презиме на -ИЌ, морале да го сменат во -СКИ. Со оглед на тоа што мојот прадедо се викал Ѓуро, презимето било сменето во Ѓуровски. И затоа сум сега Бошко Ѓуровски а не Бошко Стојановиќ, изјави Ѓуровски.