Репрезентацијата на Алжир е победник на премиерното издание на Арапскиот фудбалски куп во организација на ФИФА, откако во возбудлив натпревар синоќа го совлада Тунис со 2-0 по продолженија.

Финалето на стадионот Ал Бајт, едно од десетте зданија на кое ќе се игра Мундијалот 2022 во Катар, заврши без голови во регуларниот дел.

Алжир дојде во водство во 99. минута со голот на Амир Сајуд, а победата во финалето на Арапскиот куп ја завери Јасин Брахими во завршните секунди од второто продолжение.

Претходно во натпреварот за третото место, домаќинот Катар го совлада Египет со 5-4 на пенали.