Дарко ЈАНЕВСКИ

Во мај/јуни 1908 година, во Ревал, денешен Талин и главен град на Естонија, одржана е средба меѓу англискиот крал Едвард и рускиот цар Николај. На средбата е договорена автономија на Македонија, а веста за тој договор е иницијална каписла за Младотурската револуција која, меѓу клучните цели ја има таа за спречување на автономијата на Македонија, што подоцна би довело до независна држава со главен град Солун. Таа независна држава, веројатно ви е јасно, не би ги имала денешните проблеми кои ги има со Грција и Бугарија.

За жал, избувнува Младотурската револуција и, автономијата на Македонија, која потоа би прераснала во незавиност оди во неврат. За да биде проблемот поголем, Младотурците до толку ја ослабуваат воената сила на Османската империја што таа станува лесен плен на балканските сојузници во Првата балканска војна, по што Македонија неповратно е поделена.

Во секој случај, овој неисполнет договор меѓу кралот Едвард и царот Николај е цврст доказ дека ниту Македонија е грчка, ниту поимот Македонија и припаѓа на Грција, како и цврст доказ дека христијанското население во Македонија не е бугарско.

Токму затоа договорот бил можен, зашто во спротивно на „грчка Македонија“ не би се согласиле ниту кралот Едвард, ниту кралот Николај (поради германското влијание врз кралот на Грција Константин Први), а на бугарска Македонија не би се согласил не само Едвард, туку никој во Европа, освен Николај, бидејќи иако со германски кнез, Бугарија се сметала и била руска продолжена рака на Балканот.

 

Еве што, според белградска Политика, се разговарало на средбата меѓу двајцата монарси:

Политика 30 мај 1908 година

Англискиот крал Едвард со кралицата и голема придружба, пристигна во Ревал, каде го дочека царот Николај со членовите на своето семејство и министрите Столипин и Извољски.

Сиот руски печат говори за овој значаен состанок и мошне срдечно го поздравува кралот Едвард.

„Ново време“ зборувајќи за средбата на рускиот цар и англискиот крал, вели дека станува збор за нов поттик за европскиот мир. Соработката на англиската и руската влада за решавање на македонското прашање, ќе ги обедини овие големи сили. Фазата во која сега се наоѓа тоа прашање, благодарени на хуманата иницијатива на англиската влада, која е симпатично примена во Петроград, дава надеж дека ситуацијата во Македонија многу бргу ќе се промени, дека ќе настапи мирот, кој му е потребен не само на Балканскиот Полуостров, туку и на цела Европа.

И навистина, на средбата во Ревал нема ништо непријателско кон било која европска држава. Навистина, Германија се чувствува малку непријатно поради овој состанок, после кој секако ќе дојде до англиско-руско-француско зближување, но Германија одамна мораше да увиди дека Англија ќе стори се, за да направи да биде безопасна. И во тоа успеа. После договорот со Русија од минатата година во поглед на сите прашања кои се однесуваат на Авганистан, Тибет и Персија, дојде до спогодба со Франција, а сега и до приближување на Русија за сите прашања кои се однесуваат на Европа.

Успехот на руско-англиско-француската политика во исто време е и пораз на германско-австриско-унгарската политика која, криејќи се зад Мирцтешкиот договор, сакаше да го попречи работењето на оние сили кои навистина искрено работеа на решавање на реформските прашања во Македонија. И затоа, за сите нас е важно тоа што сега се случува во Ревал.

ПОЛИТИКА 31 мај 1908 година

Завчера, рускиот цар и англискиот крал разменија здравици кои цела Европа со нетрпение ги очкуваше.

Најпрвин, рускиот цар му наздрави на кралот Едвард и порача дека со голема радост може да го поздрави својот гостин во руските води, па потоа додаде:

Јас сум уверен дека оваа средба уште повеќе ќе ги зацврсти нашите врски, кои и претходно беа силни, дека нашите држави уште повеќе ќе се зближат и дека тоа ќе биде од полза на одржување на општиот мир. Нашите влади во екот на минатите години поволно решија многу прашања кои беа од посебна важност за Русија и за Англија. Јас сум уверен дека Вашето величество ги цени тие договри исто така како што тоа го правам и јас, зашто и покрај ограничената цел, тие сепак ќе придонесат за уште поголема доверба и пријателство меѓу двете земји.“

Кралот Едвард му се заблагодари на рускиот цар и потоа, меѓудругото, рече:

„Јас го потпишувам секој збор што Вашето величество го кажа во поглед на договорите потпишани од нашите влади. Уверен сум дека тие договори уште повеќе ќе ги засилат врските кои ги спојуваат нашите народи и дека ќе помогнат да се решат и другите важни прашања. Покрај тоа, јас сум уверен дека тие ќе сторат се што е можно за натамошно зближување на нашите држави, и дека ќе допринесат за одржување на општиот мир. Се надевам дека после оваа средба мошне бргу ќе му се укаже можност за нова средба со вашето величество.“

Германскиот печат мошне опширно ги коментира двата говора и тврди дека на овој состанок нема да се реши ништо значајно во врска со персијското прашање, но дека ќе се реши реформското прашање за Македонија, што нема да биде тешко зашто меѓу руската и англискаат влада веќе е постигнат договор.

Резултатите од тој договор ќе бидат објавени веднаш по враќањето на кралот Едвард во Англија. Сега, веќе може да се знае како отприлика ќе гласи тој договор бидејќи се знае што барала руската, а што англиската влада, но ќе биде интересно како ќе се постави Турција, која исто така веќе знае што отприлика содржи тој договор.

Во Русија владее општо мислење дека таа ќе го има клучниот збор во тие реформи, не барајќи никаква помош од Австро-Унгарија која стори се за Мирцтегштките реформи да не успеат.

ПОЛИТИКА вторник 3 јуни 1908 година

Ниту еден политички договор во последно време не ја заинтересирал толку Европа како ревалскиот. Цел свет ги има вперено очите во Ревал, зашто тука требаше да се решат неколку прашања од мошне голема важност и да се види дали е можно ново групирање на големите сили во корист на општиот мир.

Средбата заврши, но се уште не е познато што на него е решено и за што е постигнат договор. Министерот Извољски отворено им најави на некои англиски новинари дека е постигнат договор во врска со македонското прашање и прашањата кои се однесуваат на централна Азија, но се уште не е познато врз која основа. Но и тоа бргу ќе се дознае, зашто руската влада веднаш почнала да работи на создавање конечна програма за реформска акција во Македонија, која ќе им биде доставена на сите големи сили. Од говорот на министерот Извољски, мое да се дознае само дека тоа прашање е поволно решено и дека прашањето за финансиска контрола во Македонија е симнато од дневен ред.

Останатите прашања кои се ондесуваат на Персија, Авганистан и Тибет исто така се решени, што било полесно, бидејќи во договорите од мината година во врска со ова, требало да се внесат само уште неколку одредби.

Но сите тие прашња кои се мошне важни, не го заинтересираа толку многу европскиот печат, како прашањето дали на овој состанок се оди кон создавање сојуз меѓу Русија, Англија и Франција. Судејќи по настаните од последните години навистина може да се види дека Англија се обидува да се приближи до Русија и Франија што повеќе. Таа на тој начин го правеше тоа што интересите и наложуваа. Приближувајќи се до Русија, Англија го оневозможи секој договор меѓу Русија и Германија, а тоа е тоа што за неа е исклучително важно. Затоа, во Германија, состанокот во Ревал се очекуваше со поголемо внимание отколку во било која земја.

Дали во тој правец навистина е постигнат некаков договор, засега не може да се знае, но тоа ќе се види штом ќе се треба да се реши некое прашање за кое се заинтересирани сите големи сили.

СРЕДА 4 јуни 1908 година

Еден берлински весник, објави разговор што неговиот дописник го имал со германски дипломат, кој важи за добар познавач на состобите на исток, а по повод средбата во ревал. Може да се заклучи дека тој германски дипломат не е никој друг туку германскиот амбасадор во Цариград, баронот Маршал, кој сега е во Берлин. Тој меѓудругото рекол:

„Русија изгледа е лута поради железницата во Санџак. Зошто? Тоа никој не го знае, бидејќи жеелзницата е предвидена со Берлинскиот договор. Па, сепак, Мирцтешкиот догвоор не е анулиран. Со тек на време, овие работи ќе се избистрат. Кои мотиви треба да се бараат за постапките на Англија, не е сосема јасно. Тешко е да се оценат мотивите за постапките на една голема сила. Одредена улога тука играат и хумантитраните мотиви поврзани со внатрешната состојба во Англија. Какви се идните намери на Англија, тешко е да знаеме. Ни останува само да чекаме.

Ако руско-англискиот состанок имал за цел да се изврши врз султанот посилен притисок, треба да се има во предвид и расположението на муслимнското население во Македонија. Ова прашање е посебно важно, дали доколку станува збор за исплаќање на плати за подобрување на економската ситуација во Македонија и слично, ќе бидат задоволни и муслиманите. Но треба да се има во предвид дека тие во султанот не гледаат само свој владетел, туку и калиф и жесток присток врз него од странци би можел силно да ги вознемири. Муслиманите до сега мирно ги гледаа борбите меѓу христијаните во Македонија. Би било кобно кога ти би нашле повод да се вклучат во борба. Тие во Македонија бројно се помалку од христијаните, но додека христијаните се борат меѓу себе, тмуслиманите сочинуваа една цврста група од милион ипол луѓе за кои треба да се води сериозна сметка.“

Како што е познато, Германците се советници на Турците, а па овој разговор можат да с еизведат мошне интересни заклучоци.

ЧЕТВРТОК 5 јуни 1908

После состанокот во Ревал, кој толку ја возбуди Германија, а уште повеќе италијанските политичари, се случува цела серија состаноци низ Европа.

Прво, претседателот на француската Република ќе оди на средба со рускиот цар. Франција, како сојузник на Русија, најмногу работеше на постигнување англиско-руски договор, зашто според зборовите на еден значаен италијански политичар, сакаше да го подготви теренот за друг троен сојуз, кој со успех би можел да застане наспроти сите неправедни барања и непријателски стремежи на стариот троен сојуз.

После тоа ќе има средба на рускиот цар со италијанскиот крал. „Трибуна“ пред некое време објави дека рускиот цар Николај ќе дојде во Италија, но руските весници веднаш го демантираа тоа. Сега, меѓутоа, се виде дека „Трибуна“ била во право: рускиот цар веќе ова лето ќе замине за Италија.

Оваа средба ќе биде од големо значење не само за италијанските сојузници, туку и за нас на Балканот, зашто во таа прилика сигурно ќе се решат некои прашања за кои во последно време Италија е се повеќе заинтересирана, а се однесуваат и на нас. За Италија оваа средба ќе биде од големо значење и затоа што, после руско-англискиот-француски договор, таа е доведена во непријатна положба. Италија глда дека против тројниот сојуз (Германија, Австро-Унгарија и Италија, н.з.) се создава нов сојуз, а на начин да се ослободи од обврските што ги презела во првиот сојуз, иако би сакала тоа да го стори.

Веднаш по заминувањето на англискиот крал од Русија, сиот европски печат ја пренесе веста дека рускиот цар ќе се сретне со германскиот. Дали таа вест е точна ќе се види многу бргу, но таа сепак е интересна бидејќи се јавува во истиот момент кога со сигурност може да се тврди дека германскиот амбасадор во Цариград, Маршал, ќе биде преместен во Париз. Маршал е личен пријател на султанот и најголем поборник на политиката што сега Германија ја води кон Турција. Ако ова се покажае како вистина, тоа ќе биде сигурен знак дека Германија ја менува политиката кон Турција, а во исто време и знак дека руско-англиските предлози за реформи полесно ќе се спроведат.