Швајцарскиот државјанин Рафаел С. (роден 1987) година, влезен во Македонија со швајцарска патна исправа на 1-ви октомври со лет од Цирих и женско лице со идентитет Вивиан С.Х. (родена 1985 година) која влегла во Македонија на 1-ви месецов со лет од Цирих се двете лица кои вчера го поставиле сомнителниот празен куфер на плоштадот пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, објави Курир.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи (МВР), на видеонадзорот биле забележани две лица кои го разгледувале просторот, при што едно од нив оставило куфер. Веднаш по добиената пријава, надлежните служби презеле соодветни мерки и активности.

На снимките до кои дојдоа медиумите се забележани две лица кои го разгледуваат просторот, при што едно од нив остава куфер. Веднаш по добиената пријава, надлежните служби презеле соодветни мерки и активности.

„Денеска (08.10.2025) во 12.55 часот лице од обезбедувањето на ЈП ‘Државни патишта’ пријавило дека на видеонадзор пред канцелариите на ЈП ‘Државни патишта’ на плоштадот ‘ВМРО’ во Скопје биле забележани две лица како го разгледуваат местото, а едно од лицата оставило куфер. Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека куферот е празен“,соопштија од МВР.

Според најновите информаци, швајцарскиот државјанин Рафаел С. (роден 1987) година, влезен во Македонија со швајцарска патна исправа на 1-ви октомври со лет од Цирих и женско лице со идентитет Вивиан С.Х. (родена 1985 година) која влегла во Македонија на 1-ви месецов со лет од Цирих се двете лица кои се на снимката.

Перјаниците на СДСМ со грозоморен говор на омраза

Бранко Тричковски, еден од главните перјаници на СДСМ продолжува со говорот на омраза. Тој ја згрози јавноста со својот коментар по веста за сомнителниот куфер, порачувајќи го следново:

– Најголем предизборен штос би направиле кога во куферот би го напикале распарченото тело на Христијан.

Извор: Курир