Согласно информациите од комплексот клиники Мајка Тереза до нас пристигнуваат информации дека повеќе организациски директори се на патување во Барселона за наводни обуки иако оваа Влада за лажни ветувања во својата Програма вети нивно укинување, соопштија од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение целата објава од Комисијата на нивниот официјален профил на Фејсбук:
Наместо укинување, во последните денови од власта организациски директори кои наместо да бидат разрешени се на наводни обуки-екскурзии низ светот и прашуваме:
1. Колку организациски директори во моментов се на патување во Барселона?
2. Зошто наместо да се укинат економските директори, одродената власт до последен момент и предизборно назначуваше организациски директори дури и таму каде што претходно немаше?
3. Колку средства од буџетот чинат овие екскурзии?
4. Зошто овие средства не се искористија за поцелисходни цели и во интерес на пациентите и здравствениот систем?
Додека наши граѓани се лечат со смс пораки, а системот наместо да им помогне да дојдат во неопходната здравствена услуга, дополнително и со бирократските лавиринти им го комплицира користењето на здравствена услуга, овие директори без срам ги користат до последен момент функциите ни помалку ни повеќе туку за екскурзии.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ се обврзува дека ќе ги укине организациските директори, а средствата од нивните лични примања ќе останат во здравствениот систем и на располагање на пациентите.