Постојат неколку фактори од кои зависи дали жената ќе доживее оргазам, од опуштеност до љубовните вештини на партнерот, но експертите тврдат дека постојат некои карактеристики кај мажите според кои може да погодите дали со него ќе доживеете оргазам или не.

Како што објави порталот Точка, експерти од Универзитет во Албанија спровеле истражување за сексуалниот живот на младите жени во хетеросексуални врски и врз основа на нивните одговори проверувале колку нивните оргазми се поврзани со изборот на партнер.

Истражувањето покажало дека жените, чии партнери се подуховити, имаат поголема самодоверба и добро заработуваат, почесто доживуваат оргазам.
Исто така, во истражувањето се наведува дека интензитетот на оргазмот зависи од тоа колку жените и нивните партнери се сексуално привлечни, но на тоа влијае и една физичка карактеристика кај мажите – ширината на нивните рамена.

Експертите објаснуваат дека позади тоа стои еволуциска причина: жените уживаат во секс со развиен, силен и успешен маж, бидејќи така е поголема шансата дека ќе имаат еднакво успешни потомци.