Медицинските експерти постојано советуваат дека затворените простории треба секојдневно да се проветруваат, но останува отворено прашањето како тоа да го сториме во лифтовите.
И покрај тоа што во нив е вградена соодветна вентилација, со самиот факт дека илјадници луѓе мора да користат лифт за да стигнат од и до домот или работното место, постои голема веројатност самите лифтови да бидат жариште на коронавирусот.
– Германската компанија МИКРОДЕЛ, основана од Македонецот, Димче Поповски, соочувајќи се со коронавирусот, го повика својот тим експерти да создадат иновативен и револуционерен концепт за чисти и безбедни лифтови. УВ-гермицидал е систем конципиран со софистицирана технологија, ефективно елиминира 99 проценти од бактериите и вирусите во воздухот во лифтот, со што го прави целосно чист и безбеден. Тој е креиран да ги блокира предизвикувачите на заразни болести кои ги има во воздухот, на принцип на тотална стерилизација, и е прочистувач на загаден воздух, појаснуваат од компанијата.
Експертите, исто така советуваат дека не е доволно само дезинфицирање на лифтовите на класичен начин еднаш дневно, потребни се интелигентни решенија кои ќе бидат активни нон-стоп. Според нив, токму лифтовите во работните простории, болниците итн., што се пофреквентни и од оние дома се постојан извор на зараза и пред појавата на Ковид-19.
Во државава овој софистициран систем за заштита од коронавирусот веќе го имплементира компанијата за лифтови „Дака“.
– Потребна е високософистицирана технологија со високи перформанси на молекуларно ниво со препарати и технологија одобрени од Светска здравствена организација. Државните и приватните институции, станбени и деловни објекти, како и сите останати објекти кои имаат лифтови и проток на луѓе, потребно е да вградат постојана заштита од бактерии и вируси, пред се во моментот, заштита од коронавирусот, а тоа ќе го сторат кога во своите лифтови ќе инсталираат таканаречени УВ системи кои ќе препознаваат, стерилизираат и прочистуваат загаден воздух, појаснува прим. д-р Данчо Балаловски.
Во земјава бројките на заразени од коронавирусот се високи, така што граѓаните треба да бидат заштитени и додека се возат во лифтовите, почитувајќи ги безбедносните мерки од надлежните.