Најмалку 20 лица загинаа при експлозија на резервоар за гориво во Акар во северен Либан, соопшти либанскиот Црвен крст на Твитер.
Најмалку 79 лица се повредени и хоспитализирани во локалните болници.
Либан се соочува со сериозен недостиг на гориво. Болниците предупредија дека снемува гориво и можеби ќе треба да ги затворат.
Воен и безбедносен извор рече дека либанската армија запленила скриен резервоар за гориво и дека експлозијата била предизвикана по дистрибуција на бензин за жителите.
Околу 200 луѓе биле во близина во моментот на експлозијата, изјавија сведоци.