Почна евакуацијата на дипломатите од американската Амбасада во Кабул, изјавија денеска два официјални извора за западни медиуми.

„Во моментов, додека зборуваме, заминува мала група. Поголемиот дел од персоналот се подготвотвува да замине… Амбасадата продолжува да функционира”, изјави еден извор, кој побарал анонимност.

Евакуацијата на повеќето американски дипломати се очекуваше да почне денеска, бидејќи талибанците продолжуваат да напредуваат и ќе бидат пред Кабул во наредните денови