Во експлозија на бензинска станица во Рим повредени се најмалку девет полицајци и пожарникари, соопшти денеска локалната полиција.
Експлозијата се случи околу 8 часот наутро по средноевропско време, а над повеќе делови од градот се крена голем облак од густ, црн чад.
Полициски претставници тврдат дека осум полицајци се повредени во спасувачката акција, но никој не е животно загрозен. Тие за државната телевизија РАИ изјавија дека се слушнале неколку експлозии
Во инцидентот полесно е повреден и еден пожарникар, а полицијата соопшти дека го пребарува подрачјето на експлозијата за да спаси луѓе кои би можеле да бидат заглавени во блиските згради.
Фото: ДПА