Импровизирана експлозивна направа, во текот на ноќта била поставена пред влезот на суд во предградието Коропи, во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, а од експлозијата била причинета материјална штета на објектот.
Според грчките медиуми, полицијата почнала истрага за откривање и пронаоѓање на сторителите.
Експлозијата се случила околу 2 часот по полноќ, а во истиот објект каде што е судот, се наоѓа и полициска станица.