Во експлозијата на автомобил бомба, што рано утринава се случи пред полициска станица, во западниот дел на Кабул, досега загинаа 18 лица, а над 100 се поврдени.
Локалната телевизија ЛОЛ објави дека меѓу повредените најмногу има цивили, од кои повеќето се жени и деца.
Одговорноста за нападот ја презедоа талибанците кои во краткото соопштение наведоа дека се убиени многу војници и полицајци.