Една жена загина во експлозијата што денеска се случи во фабрика за оружје во Романија.
По експлозијата што се случила во тунелот за тестирање на оружјето, во фабриката во Куџир, место во западна Романија, избувнал пожар.
Тој момент во тунелот имало 19 лица и сите успеале да се спасат освен 50-годишната жена која, наводно, се повратила да ја земе чантата.
Портпаролот на службата за вонредни ситуации Тристан Фогараси, за Асошиејтед прес, изјави дека пожарникарите по два часа го изгаснале пожарот.
Во оваа државна фабрика, со 1.000 вработени, се произведуваат повеќе модели на пиштоли и друго оружје.