Осум лица, меѓу кои седум деца, се повредени во експлозија во манастирот Серпухов кај Москва, пренесува ТАСС, повикувајќи се на извор од полицијата.

Машко лице активирало рачно изработен експлозив во близина на манастирот Серпухов. Експлозијата се случила на влезот на православната гимназија, која се наоѓа во рамките на манастирот.

Напаѓачот е повреден и хоспитализиран. Учениците и професорите се евакуирани.