Четириесет годишниот Љ.А.  го загуби животот во експлозија која се случи попладнево околу 16 часот во продавницата на „Заре Комерц“ во центарот на Гевгелија.

Неофицијално експлозијата е од плинска боца, а повредени биле уште три лица.

Противпожарната единица од Гевгелија и три екипирани возила на брза помош веднаш по дојавата интервенирале на терен. Според пожарникарите експлодирала плинска боца во продавницата, а од гевгелиската Општа болница информираа дека сите повредени биле веднаш префрлени на хирушкото одделение и потврдија дека еден има средно тешки изгореници од прв и втор степен, а двајца се полесно повредени.

По санирање на повредите, од болницата велат дека пациентот со изгореници најверојатно со амбулантно возило ќе биде префрлено на лекување во клиничкиот центар во Скопје.

Истрагата за причините за тоа како дошло до експлозија ќе бидат познати по завршувањето на увидот кој е во тек.

МВР во денешниот (недела) билтен за настанот објави:

Вчера околу 16 часот во Гевгелија, на улица „Маршал Тито“ во продавница за производи од железо настанал пожар при што вработениот Љ.А.(40) од Гевгелија починал, а со повреди се здобиле вработените А.Ј.(46), П.Д.(39), В.Б.(42), И.З.(42) сите од Гевгелија и М.Ј.(29) од село Прдејци.

По укажана лекарска помош во Општа болница Гевгелија лицата се пуштени на домашно лекување. Со повреди се здобил и  В.Ј.(30) од Гевгелија кој, по укажана лекарска помош е пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза” во Скопје.

Причина за пожарот, според првичните сознанија е експлозија на плинска боца која В.Ј. ја донел за да се монтира горилник. Од страна на Противпожарна екипа пожарот е изгаснат. Извршен е увид на местото на настанот, по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.