Силна експлозија попладнево се случила во РЕК Битола и во моментов целосно е излезен од функција вториот блок на централата, објавија повеќе медиуми.
Според објавените информации експлозијата се случила на 6 киловолтна склопка од напојна пумпа и засега нема информации за повредени или жртви, а настаната е огромна материјална штета.
Токму оваа склопка, за која се однесува експлозијата за која е објавено, неодамна била ремонтирана за што била платен висок надомест.
Други медиуми објавија дека информацијата не е веродостојна и додаваат дека ќе испратат официјално соопштение во кое ќе демантираат дека попладнево се случила експлозија во РЕК Битола.
Со соопштение вечерва одговорија од РЕК Битола:
– Денеска во 15,0 часот дојде до краток спој во една од келиите за висок напон на Блокот 2. Како последица на оштетувањето на осигурачите на командниот напон, Блок 2 испадна од мрежата на електро системот, се вели во соопштението.
Од комбинатот додаваат дека отстранувањето на оштетените делови е во тек и Блок 2 на РЕК Битола ќе биде повторно ставен во употреба.