Бројот на повредени во експлозијата во фабриката за експлозив „Кристал“ во рускиот град Џержинск се зголеми на 19 лица, соопшти регионалното Министерство за здравство.
– Според новите информации, повредени се 19 лица, истакнуваат од Министерството.
Како што пренесуваат руските медиуми, повеќето од повредените се со лесни или умерени повреди.
Од друга страна, компанијата претходно соопшти дека никој не е повреден во експлозијата, бидејќи надлежните служби успеале навреме да ги евакуираат сите вработени.
Агенцијата ТАСС пренесува дека во фабриката за производство на ТНТ во регионот Нижњи Новгород одекнале неколку експлозии.
Како што се наведува, тие биле силни, по што избувнал пожар.