Најмалку 30 лица загинале во експлозијата во Бејрут, известуваат властите на Либан за настанот од пред неколку часа, додавајќи дека бројот на жртви веројатно ќе биде многу поголем.

Причината за експлозијата не е позната, но медиумите шпекулираат дека натриум нитратот запленет минатата година најпрвин предзивикал пожар, а потоа и експлозија.

Колку бил силен ударот на експлозијата зборува и фактот дека јорданските сеизмолози соопштиле дека силата на ослободената енергија била еднаква на силата на зејотрес од 4,5 степени според Рихтер.

Експлозијата доаѓа во чувствително време за Либан, која се соочува со економска криза. Земјата се соочува и со тензии поради донесената пресуда за убиството на експремиерот Рафик Харири во 2005 година.

Некои извештаи посочуваат дека екплозијата можеби била несреќа. Националната новинска агенција во Либан објави дека избувнал пожар, во складиште со експлозив на пристаништето пред експлозијата. Локалните медиуми известуваат дека многу луѓе се заглавени под урнатините. Сведок ја опишува првата експлозија како заглушувачка, а видеоснимките покажуваат уништени автомобили и згради оштетени од експлозијата.