Северот, каков што го познаваме, веќе не постои, пишува денешен „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ за климатските промени и топлиот бран кој ја зафати целата северна хемисфера.

Ќе видите луѓе без џемпери, без чадори, пожолтени полиња, начичкани плажи и исушени речни корита, нешто што порано беш незамисливо.

Екпсерти велат дека летото 2018 се развива опасно и тоа во голем појас од Ирска па се до Скандинавија и Германија и до Балтикот, каде зелената боја исчезна од пејзажите. Сега Северот стана нопвиот сушен појас во Европа, а температурите се за три до шест степени над нормалните вредности. Многу полиња се веќе загубени, а фармерите гледаат на своите посеви како едвај нешто раѓаат. Како посебен проблем се и шумските пожари.

Во денешниот напис на ФАЦ се потестува дека јуни ги забележал рекордните температури – на пример во германската покраина Баден Виртемберг, каде температурите биле идетнични со тие во Андалузија. Температурата била повисока за седум степени од просечните.

Исклучителната сушта во Европа почна во април, при што била зафатена цела Германија, особено источниот дел. Но, најкатастрофално е погодена Латвија. Како и во Шведска и таму имаше повеќе шумски пожари, а ни капка дожд нема паднато од 26 април.

Експертите за клима велат дека станува збор за екстремна суша.