Еквадор е се поблиску да го повлече азилот за основачот на Викиликс, Џулијан Асанж и да го отсрани од Еквадорската амбасада во Лондон, објави вчера американскиот новинар Глен Гринвалд.
Тој тврди дека претседателот на Еквадор, Ленин Морено во петокот во Лондон се сретнал со британски претставници со кои разговарал за раскинување на договорот според кој Асанж е под заштита, по што основачот на Викиликс би бил предаден на британските власти.
Асанж живее во Амбасадата на Еквадор во Лондон од 2012 година, откако еквадорските власти му дадоа азил, со што основачот на Викиликс избегна екстрадиција во Шведска, каде е обвинет за силување. Асанж е обвинет и во САД поради објавување на доверливи информации.
Шведска во меѓувреме се откажа од обвинението, но Асанж верува дека ако ја напушти Амбасадата ќе биде екстрадиран во САД, каде ќе биде испитуван за активностите на Викиликс.
Неименуван извор на еквадорското Министерство за надворешни работи потврди дека договорот за Асанж треба да биде постигнат следните недели.