Германскиот фудбалски стручњак Јирген Клинсман ќе биде новиот селектор на Еквадор, пренесува „Ел Универзо“.
Педесет и четиригодишниот Клинсман успешно ги завршил преговорите за соработка со Еквадорската фудбалска федерација.
На последните натпревари репрезентацијата на Еквадор ја водеше Хорхе Селико како вршител на должноста селектор.
За потсетување, Клинсман од ноември 2016 година е без работа.