Раководството на шпанската Ла Лига не с еоткажува од идејата да се игра првенствен натпревар во друга земја. Според објавеното од Ла Лига, средбата меѓу Атлетико Мадрид и Виљареал треба да с еигра во Мајами, САД.

Средбата, закажана за 8 декември, ќе биде првиот натпревар од Ла Лига што ќе се одржи надвор од Шпанија.

„Ел Конфиденсијал“ информира дека е потпишан договор меѓу лигата и клубовите натпреварот да се игра на стадионот „Хард Рок“.