Ништо не си поразлична од Катица (Јанева), таа рекетираше преку Боки 13, а ти директно, пишува на Фејсбук кичевецот со псевдоним Ел Чека, во обраќањето до обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи.
– Фатиме Фетаи како што помина август, помина и 5 септември, вети за Монструм нели? Каде си мори Фато? Не, не си ништо поразлична од Катица, таа рекетираше преку Боки 13, а ти директно! Чантата повторно ти се наполнила, пишува Ел Чека алудирајќи на доказите кои Фетаи рече дека ќе ги открие за случајот „Монструм“.
Ел Чека, исто така на Фејсбук, пишува дека на Фетаи секогаш кога ѝ се нудат чанти се одложуваат рочиштата.
– Фато, доколку сакаш би можел да бидам сведок во твојот судски процес за парите што ги зеде од другарот на Али, побарај и ќе те потсетам на средбите со претседателот на судот и судиите што ги имаше тој ден во Кичево, пишува Ел Чека на Фејсбук.