Универзитетскиот професор Гордан Калајџиев, кој беше активен учесник во тн. шарена револуција и еден од тогаш посочуваните можни челници на СЈО, денеска призна дека СЈО е „злоупотребено само ВМРО-ДПМНЕ да биде урната од власт“.

На оваа изјава има многу реакции на социјалните мрежи, ја издвојуваме следнава од Твитер:

– Еј да?! Не з..баај?! А ние коа урлавме дека СЈО е партиска испостава на СДС за прогон и притисок само на една партија за промена на името вие не праевте нас ментални, твитна корисникот со псевдоним Димко Македоничи.

На калајџиев му твитна и универзитетската професорка Тања Каракамишева:

– Гордан, извини мислам дека реакцијата ти е како онаа српската „Касно стиже Марко на Косово поље“. Па, кај беше Гордане да го кажеш сево ова годините наназад кога не плукавте, дали навистина сметаше дека СЈО има др. агенда освен брутален политички реваншизам?- му напиша Каракамишева.

Но, денес е тренд многу борци од шарената револуција да „дезертираат од шарените редови“.