Дилавер Бектеши од Кичево, обвинител близок до албанска опозициска партија, му зема 15 илјади евра на еден иселеник. Иако, ова го објавив уште порано, законот не презеде никакви мерки против него — плукам по законот и по сите вас, објави Ел Чека на својот фејсбук профил, пишува Курир.
-Дилавер Бектеши: Сумата е 15 илјади евра
Граѓанинот: Евра а?
-Дилавер Бектеши: (Објаснува нешто полиција, куршуми)….. А потоа или ти да признаеш, ќе направиме договор со обвинителството или предметот ќе оди по скратена постапка на суд.
Инаку, на жената на овој Дилавер, некоја наставничка по англиски, на профил на ФБ и’ стои бројот на гласачката позиција на дотичната албанска опозициска партија која во моментот владее со Кичево, потенцира Ел Чека во објавата.
Извор: Курир