Барселона може да биде казнета со само 300 евра заради водење преговори со Антоан Гризман, кога тој имаше важечки договор со Атлетико Мадрид.
Според „Ел Мундо Депортиво“, таквата казна ја смета судот на кој случајот го пријавил Атлетико.
Во исто време, можна е и алтернативна казна – одржување на еден натпревар како домаќин без публика, бидејќи висината на паричната казната е премногу мала.
За потсетување, Гризман се пресели во Барселона пред почетокот на оваа сезона за 120 милиони евра, но Каталонците започнаа преговори со него уште на крајот на минатата сезона.