АД Електрани на Македонија соопшти дека продаде 9.600 мегаватчасови вишок електрична енергија за 429.763 евра.

Продадената електричната енергија е за периодот 4 до 10 март 2019 година.

Како што соопшти ЕЛЕМ, просечната цена постигната на аукцијата вчера изнесувала 44,77 евра за мегават час, а на Унгарската берза на електрична енергија цената за базна енергија за тој период изнесува 44,48 евра.