Американската 101-та воздушна дивизија е распоредена во Романија, во близина на границата со Украина, а одлука за тоа е донесена за прв пат по 80 години, поради зголемените тензии меѓу Русија и НАТО.
Лесна пешадиска единица е обучена да се распореди на кое било бојно поле во светот за неколку часа, подготвена за борба. CBS news ги посети заменик-командантот на дивизијата, генералот Џон Лубас, и полковникот Едвин Матејдес, командантот на вториот борбен тим, на само пет километри од романската граница со Украина.
Американската команда објаснува дека заканата во околината на територијата на НАТО е причината поради која е испратена најелитната дивизија за воздушен напад, со одредена тешка опрема.
– Подготвени сме да ја одбраниме секоја педа од територијата на НАТО. Ја носиме единствената способност на нашата дивизија за воздушен напад. Ние сме лесна пешадија, но носиме мобилност со нас, за нашите авиони и воздушни напади, рече Лубас за CBS.
Се додава дека околу 4.700 војници од 101-та дивизија во Форт Кембел, Кентаки, биле испратени да го зајакнат источното крило на НАТО.
Матаидс изјави за CBS News дека тој и неговите војници се најблиските американски сили до борбите во Украина. Од нивна гледна точка, тие „внимателно ги набљудуваат“ руските сили, „градат цели против кои треба да делуваат“ и спроведуваат вежби.
– Тоа не држи во готовност, рече тој.
Командантите на Screaming Eagles изјавија за CBS News дека секогаш се „подготвени да се борат уште вечерва“ и додека се таму за да ја бранат територијата на НАТО, доколку борбите ескалираат или има каков било напад врз НАТО, тие се целосно подготвени да преминат границата во Украина.
Видеото може да го отворите ТУКА.