Француската премиерка Елизабет Борн денеска формираше меѓуминистерски кризен тим, кој треба да се справи со последиците од една од најлошата суша што ја погодиле земјата.
– Актуелната исклучителна суша лишува многу заедници од вода и е трагедија за нашите земјоделци, нашите екосистеми и биолошката разновидност. Недостигот од дожд се влошува со последователните топлотни бранови, што од една страна го зголемуваат испарувањето, но и побарувачката за вода. Ситуацијата може да продолжи во текот на следните две недели, па дури и да стане позагрижувачка, истакна Борн.
Таа упати апел до Французите штедливо да ја користи водата.
Голем број делови во Франција се погодени од суша, поради што некаде се воведени ограничувања на водата, вклучително и за наводнување.