Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас синоќа беше стрелец на голот со кој неговиот Наполи го совлада домаќинот Милан со 1:0.
Елмас ја игра најдобрата сезона во дресот на Наполи, а резултатот го отвори со погодок уште во петтата минута од дербито против Милан на стадионот Сан Сиро и го врати Наполи во трката за титулата.
По завршување на натпреварот стигнаа многу честитки до Елмас, а меѓу нив беше и капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Стефан Ристовски. Тој откри еден детал од разговорот со Елмас: Нашиот дијамант во 2010 година првпат го гледал Горан Пандев на Сан Сиро, а синоќа не само што играше на истиот стадион, туку му донесе победа на својот тим.
На социјалните мрежи објави и преписка со својот соиграч во репрезентацијата.