Немавме многу среќа, но доколку Италија сака да биде светски шампион мора прво да не победи нас, а тоа нема да е лесно, објави македоскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас.
По жрепката за натпреварите во баражот за настап на Светското првенство во фудбал во Катар во 2022 година, Елмас се огласи на Фејсбук:
– Немавме многу среќа, но доколку Италија сака да биде светски шампион мора прво да не победи нас, а тоа нема да е леснопогледнете ги останатите двојки. Напред Македонија, објави Елмас на својот профил на Фејсбук.
Како што е веќе објавено, прв противник на Македонија во баражот ќе биде репрезентацијата на Италија.