Русија на суд ќе го оспори замрзнувањето на нејзините средства во странство, изјави денеска гувернерката на руската Централна банка, Елвира Набиулина.
– Ова е невидено замрзнување на златни и девизни резерви. Ќе подготвиме правни дејствија, се подготвуваме да ги презентираме. Невидено е на глобално ниво да се замрзнат златните и девизните резерви на толку голема земја. Тоа е без преседан, истакна Набиулина пред пратениците.
По почетокот на руската инвазија врз Украина, западните земји воведоа санкции против Русија, а една од мерките е и замрзнување на девизните резерви. Рускиот министер за финансии Антон Силуанов истакна дека на тој начин се блокирани околу 300 милијарди долари.