Не 8,5 милиони евра, сега италијанската фирма која требаше да го гради новиот Клинички во 2017 бара 19.5 милиони евра отштета за раскинување на договорот.
Според информациите на ТВ Сител ова е последното побарување на Италијанците испратено пред новогодишите празници. Сумата може и дополнително да расте ако се вклучат камати и трошоци. Зошто сега цената за пеналите е повеќе од двојно, од Министерството за здравство официјално не добивме одговор. Кај нив за повеќе информации не упатија и од Владата. Во меѓувреме новата сума од 19,5 милиони евра која ќе ја плаќаат граѓаните се погласно се коментира од лекари на социјалните мрежи.
Минатата година како што тогаш објави ТВ Сител правниот тим на компанијата во два наврати март и септемри испратил писма до Министерството за здравство во кои бара 8,5 милиони евра за раскинатиот договор.
Во октомври премиерот Димитар Ковачевски и министерот за здравство Беким Сали изјавија дека ќе биде формиран правен тим кој треба да стапи во контакт со застапниците на фирмата, а преку Арбитражен суд ќе бараат намалување на првичнното побарување.
-Го повикав министерот за здравство сегашниот и побарав да биде формиран правен и адвокатски тим и да стапат во контакт со компанијата да видат што бараат. Кога ќе ги добиеме информациите ќе знаеме што е конкретно, иако, да повторам, кога го раскинувале договорот кажаа дека е раскинат без плаќање на пенали, изјави на 13 октомври лани, премиерот Ковачевски.
Министерот за здравство ќека одлука за долгот од зрбитражата:
-Останува арбитражата да одлучи колку ние должиме, што се случува со компанијата во меѓувреме, зошто нашите информации говорат дека компанијата која добила тендер и не тужи за раскинување на договорот е продадена во меѓувреме. Сопствениците не се појавени кај нас туку настапуваат преку адвокатска канцеларија од Италкија, ние стапуваме во контакт и треба да дојдат кај нас, изјави на 22 октомври 2022 година во интервју за ТВ Сител министерот за здравство Сали.
Одлуката да се раскине договорот за изградба на новиот Клинички центар, за кој комплетна финансиска конструкција направи претходната власт на премиерот Никола Груевски, беше донесена во време кога премиер беше Зоран Заев, а министер за здравство неговиот партиски колега Венко Филипче. Тие тогаш ветија дека ќе изградат подобар и поевтин Клинички центар и на подобра локација во Скопје.
Целиот текст на ТВ Сител на овој ЛИНК.