Првата партиска реакција откако СДСМ го доби Венко Филипче за лидер е за враќањето на кованата ограда на Владата, која по доаѓањето на власт нивниот бивш лидер Зоран Заев за да се „отвори кон народот“ ја урна и потоа ја замени со грда полициска ограда.
СДСМ на Филипче реагира и на поставувањето за директор на ЈП за дрѓавни патишта, Коце Трајановски, кого народот го памети како поранешен градоначалник на Скопје во чиј мандат се изградени најмногу булевари, улици и друга инфраструктура.
Народот за ова има една изрека: Ем шуто, ем боде. За 7 години власт само се „одградуваа“, ништо не изградија, а сега и градат кадровски решенија на новата власт. Во продолжение целото соопштение:
Само по неколку владини одлуки и една шака нови функционери, јасно е кој правец го фати ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е правецот наназад кон 2016 година.
ВМРО-ДПМНЕ реши едно од претпријатијата со најголем буџет, Јавното претпријатие за државни патишта, му го довери на Коце Трајановски. Шокантно е што градоначалникот кој го спроведе најголемиот градежен криминал во историјата на земјата, проектот Скопје 2014, сега ќе има моќ да раководи со најголемите инфраструктурни и градежни проекти.
Коце Трајановски е човекот кој во својата најтесна фамилија е косопственик и управител на фирмата Косистеми ДОО чија дејност опфаќа и градежништво. Ова е најава за огромна корупиција која се подготвува во ова претпријатие.
Нема поголема потврда како планира да работи ВМРО-ДПМНЕ од оваа одлука со која рехабилитираат функционери кои нанеле државна штета од преку 700 милиони евра.
Граѓаните не гласаа за враќање назад туку за промена која воопшто не се случува и тешко дека ќе се случи.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ