Европската агенција за лекови (ЕМА) соопшти дека започнала со разгледување на извештаи за ретки состојби на крварење кај луѓето кои примиле вакцина на Астра Зенека против Ковид-19, како и оние по употреба на вакцината на Џонсон и Џонсон поради згрутчување на крвта.

Четири сериозни случаи на ретки згрутчувања на крвта со ниски тромбоцити, од кои едниот со фатални последици, се пријавени по примањето на вакцината на Џонсон и Џонсон од нејзината подружница во Јансен, соопшти Европската агенција за лекови.

Агенцијата соопшти за пет случаи на синдром на нарушена капиларна пропустливост, поврзани со вакцината на Астра Зенека.