Првите луѓе на сенатскиот Комитет за надворешни работи синоќа одобрија нацрт-законот „Акт за стратегиска конкуренција 2021“. Како што дознаваат некои американски медиуми, документот е со цел спротивставување на глобалното влијание на Кина и предвидува долгорочни дипломаски и политички иницијативи за задржување на Пекинг. 

Документот е во должина од 280 страници и разгледува стратегија за економска конкуренција со Кина, како и хуманитарни прашања во однос на воведување нови санкции против Кина за репрсиите врз мислиманите Ујгури и демократските протести во Хонгконг. 

Во нацрт законот се бара Администрацијата да ги зголеми воените инвестиции, пред сѐ во Индо-тихоокенскиот регион а за задржување на Кина и повикува на раширување на партнерството со Тајван. 

Американските законодавачи ги повикуваат и земјите сојузници да го засилат притисокот на Пекинг. Еден од инструментите е склучување на договор за контрола на вооружувањето меѓу западните земји и Кина. 

Новиот нацрт закон се очекува да биде разгледуван на 14 април, на седница на комитетот и да добие широка двопартиска поддршка. 

Во целина, новата американска Администрација се стреми да го зачува жестокиот пристап во однос на трговијата со Кина, започнат од претседателот Доналд Трамп. Неодамна, новиот министер за трговија на САД, Џина Рајмондо, изјави дека таа ќе работи на „што поагресивна заштита на американските работници и бизниси од неправедните практики на Кина“.