Македонија е на второ место во Европа според енергетска сиромаштија и незатоплени домови, Албанија е прва, а членката на ЕУ, соседна Бугарија е на трето место според незатопленост на домовите на граѓаните во Европа, покажуваат податоците од Евростат.

Македонија е втора во Европа по недоволно затоплени домови, односно според процентот на домаќинства што не се во можност соодветно да ги загреат своите домови.

Според податоците на Евростат за 2021 година, такво е безмалку секое четврто домаќинство во Македонија, поточно 23,8 отсто, а полошо во Европа стои само Албанија со 35,8 отсто. На третото место е Бугарија со 23,7 отсто недоволно затоплени домови.

На листата со највисок стандард на греење на домовите е Швајцарија, во која само 0,2 отсто домови се недоволно затоплени, а натаму следат Норвешка со 0,8 отсто и Финска со 1,3 отсто.

Подолу ја објавуваме и мапата на енергетска сиромаштија на Европа од претходни години.