Производството на струја во РЕК Осломеј, покрај тоа што ја загадува животната средина исто така е сериозна опасност по здравјето на граѓаните, но тој исто така генерира дневна загуба од речиси 240.000 евра, предупреди денес Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Десетдневно работење на РЕК Осломеј ќе значи директна финансиска загуба од 2 ,4 милиони евра. Потенцирам за само 10 дена граѓаните губат два милиони и 400 илјади евра“, рече Арсовски.
Во меѓу време се огласија и од ЕЛЕМ од каде соопштија дека Термоелектраната Осломеј ќе се исклучи и на нејзино место ќе го вклучи Блок 2 во РЕК Битола.
– И покрај тоа што дефектот на системот за водено отпепелување е отстранет и ТЕ Осломеј може да работи по сите еколошки стандарди, раководството на АД ЕЛЕМ одлучи да го запре производството на електрична енергија во електраната, имајќи ја предвид загриженоста и сензитивноста на населението од околните места, информираат од компанијата.
Блок 2 во РЕК Битола, нагласуваат, е веќе во мрежа, по превентивниот зафат во текот на викендот, и може непречено да се вклучи во производниот процес
Од друга страна, пак, се огласи и СДСМ со соопштение кое содржи многу нелогичности и непознати податоци, а едно од нив е дека „со успешното работење на АД ЕЛЕМ, од земја зависна од увоз, Македонија денес продава струја“.
„Наместо да го поздрават успешното работење на АД ЕЛЕМ и фактот што Македонија од земја зависна од увоз денеска произведува вишок и продава струја, ВМРО-ДПМНЕ измислува непосточеки случаи и шири лажни вести. Од почетокот на оваа година, вкупно се продадени 170 илјади мегават часови и обезбеден е приход од над 8,7 милиони евра. За споредба, во 2017 година воопшто не биле произведени ниту продадени вишоци електрична енергија а во 2016 година пак продадени биле само 16.000 мегават часови, што е за 10 пати помалку. Денешниот дефект во Осломеј е само една од последиците од таквото запоставување на домашните производни капацитети од страна на ВМРО-ДПМНЕ“, стои во соопштението на СДСМ.
Нејасно е како не се координирале ЕЛЕМ и СДСМ па за дефектот во Осломеј имаат рзлични информации. Понатмау, нејасно е како Македонја, која е зависник од увоз на електрична енергија одеднаш стана извозник!? Дали се изградени капацитети за кои никој не знае, дали е изградена некоја голема централа? Или, пак, е намалено индустриското производсто толку многу што има вишок струја за таа да може да се извезува. Или, пак, се исклучуваат цели реони и населби по неколку часа, па тој вишок се продава на пазарот? Или е сето тоа заедно во прашање?