Селекторот на шпанската репрезентација, Луис Енрике, откако беше поразен од Италија синоќа во полуфиналето на ЕВРО 2020, истакна дека неговите избраници заслужуваат одлична оценка.
– Ако треба да ги оценам моите играчи, мислам дека заслужуваат одлична оценка. Мислам дека сите играа одлично. Без поплаки – само пофалби. Време е тие да се одморат.
Дали сите забележаа успех како на пример 18-годишниот Педри на ова Европско првенство? Никој претходно не успеал – дури ниту Андрес Иниеста. Ние внимателно ќе го следиме овој млад човек, истакна Енрике.
Вториот финалист на ЕВРО 2020 ќе биде одреден по мечот Англија – Данска, што ќе се одигра вечер во Лондон со почеток во 21 часот.