По синоќешниот триумф на македонската ракометна репрезентација во Рејкјавик, каде за првпат на домашен терен го победи Исланд, на социјалните мрежи се појавија коментари дека „македонските ракометари може да го скараат Заев со Грците“.
Алузијата е на изјавата на премиерот Зоран Заев кој, на ТВ дуелот со Христијан Мицкоски, одбиваше да каже кој јазик го зборуваат Македонците во Егејска Македонија, со образложение дека нема да дозволи ништо да го скара со Грците.
На табелата, како што се гледа, Македонија е прва, а Грција на четвртото место во квалификациската група за ЕП во ракомет 2020-та.
Како што е познато, Македонија синоќа на домашен терен го победи Исланд со 34:33.